Полицијата привела маж од Ваксинце кој криел 81 мигрант. Изутринава околу 05.15 часот бил приведен Н.А. (50) од селото Ваксинце, општина Липково, поради тоа што при претрес во објект во негова сопственост во село Ваксинце, извршен од полициски службеници на СВР Куманово во содејство со Единицата за специјални задачи, врз основа на судска наредба и претходни сознанија дека таму има мигранти, пронашле 81 мигрант. Од нив, 19 се малолетни лица од земјите од Блискиот Исток. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар Табановце. По документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, информира МВР.