Ирачката државна телевизија емитуваше снимки од акцијата на американските воени сили во Сирија во која наводно е убиен водачот на Исламска држава, Абу Бакр eл-Багдади.
Според ирачки и ирански официјални лица повикувајќи се на извори од Сирија, Абу Бакр бил убиен недалеку од турската граница.
Iraqi state television has posted a video it says is of the US raid in Syria, during which it is believed Baghdadi was killed.https://t.co/k0CZqlUbtA pic.twitter.com/qyoRxSedo0
— Arab News (@arabnews) October 27, 2019
На снимките се гледа дека скривницата на Eл Багдади е целосно уништена по нападот.
Неименуван американски официјален претставник за АП изјави дека Абу Бакр eл Багдади бил цел на нападот.