Франција ќе дозволи преговори со Македонија откако македонскиот премиер Зоран Заев ќе замине од власта. Ова го пишува Ларис Гајзер во колумна за италијанска Ла Верита.
Новинарот кој објави ексклузивни докази за аферата „Рекет“ вели дека Франција одби да ги отвори преговорите со Македонија, пред се’ за да не му даде алиби на Заев да остане на власт.
-Без разлика на некои поединечни контрирања внатре во европскиот Совет, Преговорите сигурно ќе почнат во иднина, но Париз сака тоа да се случи откако македонските граѓани ќе имаат шанса да се искажат на избори. Одбирајќи да го поддржи македонскиот колега сега, италијанскиот премиер Џузепе Конте всушност се надева да му даде некаква шанса за останување на власт“ пишува Гајзер.