Кумановци ќе одговараат за кражба и лажно пријавување на имот

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.С. (68) и  Друштво за производство, сточарство, превоз, угостителство, трговија и услуги „Кожара Менд“ – експорт импорт ДООЕЛ Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ и „лажно пријавување“ и против  Н.И.(44) , Н.З.(45), Друштво за трговија, транспорт и услуги „Еуро – Бос – Ком“ ДООЕЛ експорт-импорт Студеничани, со седиште во Студеничани и Друштво за внатрешен и надворешен промет на големо и мало „Манта Беќир” ДООЕЛ Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“.

Првопријавениот, како овластено лице во пријавеното правно лице ДПСПУТУ „Кожара Менд“, противправно демонтирал и присвоил метални делови од котлара и мазутара од поранешната КПК Куманово, кои со план за распределба на имот на должник биле дадени на една банка и агенција за обезбедување, и 215 метри железничка пруга со се прагови, сопственост на РСМ. Подоцна, со договор за купопродажба на отпадно железо 8340 килограми продал на правно лице од Скопје, 22.000 килограми продал на пријавеното правно лице ДВНПГМ „Манта Беќир“ ДООЕЛ Куманово, додека 7820 килограми продал на пријавеното правно лице „Еуро Бос –Ком“. После тоа, Н.И. и Н.З. за сметка на пријавените правни лица ДВНПГМ „Манта Беќир“ ДООЕЛ Куманово и „Еуро Бос –Ком“ ангажирале работници за сечење и демонтажа на железничката пруга и силос и котлара. На тој начин В.С. и ДПСПУТУ „Кожара Менд“ се стекнале со противправна имотна корист од 616.800 денари. Исто така, на 01.08.2019, првопријавениот за сметка на ДПСПУТУ „Кожара Менд“ ангажирал лице за сечење и демонтажа на останатиот дел од пругата, но по пријава на агенцијата за обезбедување биле затекнати и спречени во намерата. Освен тоа што се стекнале со противправна имотна корист, В.С. и ДПСПУТУ „Кожара Менд“ причиниле штета на Буџетот на Р.С. Македонија до 347.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави