Ливерпул ги освои бодовите со Тотенхем и им побегна шест чекори на „граѓаните“

Ливерпул  на „Енфилд“ го совлада Тотенхем со 2:1 вечерва во дерби натпреварот од 10. коло на англиската фудбалска Премиерлига. Гостите поведоа преку Хари Кејн уште во првата минута од средбата. Во 51 минута резултатот го изедначи играчот од средниот ред на домаќините Џордан Хендерсон. Во 75. минута од натпреварот, Мохамед Салах од пенал го постави конечниот резултат.

Во 10. рунда Манчестер јунајтед го совлада Норвич со 3:1 и при тоа не реализира два удара од белата точка. Ова е прва победа за Манчестер јунајтед во последните пет кола. Головите за гостите на денешниот дуел ги постигнаа Скот Мектоминај, Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал. За Норвич погоди Онел Ернандез. Пеналите за Јунајтед не ги реализираа Рашфорд при резултат 1:0 и Марсијал при водство на неговиот тим од 2:0.

Ливерпул со 28 бода е лидер на табелата, има шест бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити. Манчестер јунајтед има 13 бода и се наоѓа на 7. место, аТотенхем е на 11.место со 12 бода.

Треба да знаете
Последни објави