Вардар е сам на врвот по комплетирањето на 12. коло во прволигашката фудбалска конкуренција во Макеоднија. „Црвено-црните“ го немаат за придружник на врвот тимот на Академија Пнедев, благодарение на велешки Борец, кој во денешната пресметка пред своите гледачи со погодокот на Прелчец во 80 минута го изненади фаворитот од Струмица.
И актуелниот шампион Шкендија неможе да фати победнички ритам. Денеска одигра 0-0 на гостувањето кај Македонија во Ѓорче Петров. Највозбудлово попладнево беше на дуелот помеѓу Ренова и Шкупи, меч во кој домаќините два пати водеа, но гостите два пати се враќаа и во 90. минута се изборија за 2-2 и бод.
Силекс ја искористи предноста на домашниот терен да ги осови трите бода од пресметклата со Струга Трим Лум, постигнувајќи еден гол.
Резултати, 12. коло: Македонија ЃП – Шкендија 0-0, Ренова – Шкупи 2-2 ( Зука 6, Мишковски 75 – Јурина 41, Јусуфи 90), Борец – Академија Пандев 1-0 ( Прелчец 80 м.), Силекс – Струга ТЛ 1-0 (Ивановски 64). Вчера: Работнички – Вардар 0-2 (Аврамовски 76, 90+3).
Табела:Вардар 27 бода, Академија Пандев 24, Македонија ЃП 17, Шкупи 17, Шкендија 15, Силекс 15, Струга ТЛ 14, Ренова 14, Борец 14, Работнички 10.