Волфсбург несовладлив во Бундеслигата

Во претпоследниот натпревар од 9. коло на германската фудбалска  Бундеслига, Волфсбург одигра нерешено 0:0 со Аугсбург и го задржа епитетот непобедлив оваа сезона. Волфсбург досега има четири победи и пет нерешени средби (17 бода) и е единствената екипа без пораз во Бундеслигата.

И покрај тоа што досега нема ниту еден пораз, Волфсбург не е прв на табелата. Пред него се Баерн Минхен кој има 18 бода и Фрајбург кој има 17, но подобра гол-разлика.

Треба да знаете
Последни објави