Околу 80.000 луѓе се собраа денеска во Барселона на митинг за поддршка на шпанското единство, и против сепаратистичките аспирации во Каталонија што доведоа до најтешка политичка криза во Шпанија во последните децении. Присутните граѓани носеа знамињата на Шпанија и Каталонија, а на еден транспарент пишуваше „И ние сме Каталонци, запрете го ова лудило!”.
Денешниот собир беше организиран по неколкудневните протести на каталонските сепаратисти, кои повремено беа насилни. Тие протестираа против одлуката на Врховниот суд, кој на затворски казни осуди деветмина сепаратистички лидери поради обид за отцепување во 2017 година.