Во Бугарија денеска се одржуваат локални избори, на кои 6.227.901 државјани избираат градоначалници, општински советници и власти на пониските локални нивоа.
Според податоците на бугарската Централна изборна комисија, 36.225 кандидати се борат за власт на локално ниво.
Над 29.000 за општински советници, 1.254 се кандидати за градоначалници во 265 општини и над 5.000 се претенденти за локалната власт во руралните области.
Вкупно 11.864 избирачки места се отворија во 7 часот утрово, а гласањето завршува во 20:00 часот, објавија бугарските медиуми.
За време на денот на изборите, забранет е каков било вид кампања, како и објавување на резултати од анкети и испитувања на јавното мислење.
Локалната власт има право во своите општини да забрани продажба на алкохол во овој период.