Гвардиола: Не ме интересира пласманот на табелата, туку играта на тимот

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, Пеп Гвардиола, истакна дека не е целосно задоволен од играта што неговиот тим ја прикажа на натпреварот со Астон Вила, во рамките на 10. коло.

Според него „граѓаните” имале осцилации во играта.

– Пред шест дена бевме осум бода зад лидерот. Сега јазот е само три поени. Ова е добро. Иако Ливерпул треба да игра со Тотенхем во ова коло. Она што сега ме интересира не е табелата, туку начинот на кој играме. Ако играме како во второто полувреме, ќе се бориме за лидерство. Но, ако играме како во првото полувреме, ќе бидеме далеку од врвот. Ова не е нешто ново, тој секогаш бил наш проблем, истакна Гвардиола.

Ливерпул попладнево од 17.30 часот се среќава со Тотенхем и ако победи ќе му „избега” на актуелниот шампион Манчестер сити шест бода.

Треба да знаете
Последни објави