Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во саботата во Вашингтон ја доби наградата Фулбрајт за животно дело, велејќи дека признанието е привилегија и задоволство, пренесува „Хина“.
„Гордa сум што оваа награда вечерва имам можност да ја посветам на моето семејство и мојата земја“, рече Грабар-Китаровиќ, која била стипендист на Фулбрајт од 2002. до 2003. година на постдипломската програма за меѓународни односи и безбедносна политика на Универзитетот Џорџ Вашингтон.
Наградата Фулбрајт за животно дело се доделува од 2000 година на поранешни стипендисти чија кариера, како што се вели, обезбедува инспирација и служи како пример и илустрација за моќта, влијанието и вредностите на Фулбрајт програмата за размена на студенти.
Покрај хрватската претседателка, наградата годинава ја добија и новинарката Мелиша Блок и архитектот Џејм Полшек.