Грејната сезона не е во полн ек, а веќе два македонски градови се меѓу најзагадените во светот

Два македонски градови Куманово и Скопје изминативе два дена се најдоа меѓу 10. со најзагаден воздух во светот. Од Балканот ги имаше вкупно четирти градови чии граѓани дишат енормно загаден воздух со штетни ПМ 10 честички. Во Скопје изутринава во воздухот беа измерени 129 микрограми ПМ 10 честици на метар кубен со што главниот град се најде на 10. место по загаденост на воздухот во светот.

Во Куманово мерната станица на министерството за животна средина лоцирана во кругот на кумановската болница покажа многу високи вредности на штетните ПМ 10 честички, односно 913 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50. За кратко време состојбата се нормализираше, а од општината проблемот го детектираа во затоплувањето на болницата со мазут.  Решението на овој алармантен проблем се гледа во гасификација на здравствениот објект.

-Проектната документација за изградба на гасификацијата до болницата е во завршна фаза и прашање е на денови кога ќе се спроведе. Останува да видиме колку Министерството за здравство ќе наиде на нашето разбирање за решавање на овој проблем и истото одвои одредени средства кои се потребни за инсталација односно преадаптирање на грејниот котел од мазут на природен гас се вели меѓу другото во соопштението од Општина Куманово.

Системот за греење од мазут на гас треба да се трансформира за околу 2 месеци.

Во меѓувреме за намалување на загадувањето општина Куманово вчера изврши аеросолизација на воздухот во централното градско подрачје каде концентрацијата на ПМ 10 честички е најголема.

 

Треба да знаете
Последни објави