Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско работење покажа и докажа дека води вистинска грижа за земјоделците.
Преку низа аграрни политики не само што ги исплаќаше наследените долгови паралелно воведе бројни мерки со кои се намалуваат трошоците на земјоделците и се повеќе пари завршуваат назад кај нив.
Дека Владата заедно со ресорното министерство гради партнерски однос со земјоделците потврдува и фактот што реформите и мерките се донесуваат во консултација со нив, затоа што гласот на земјоделецот е важен.
Во таа насока е и одлуката за нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари, со цел да се намалат загубите на одгледувачите на овци поради ниската откупна цена.
195 милиони денари се исплатија во два дена за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари коишто директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци.
75 милиони денари легнаа на сметките на 1.460 земјоделци за овошните култури предадени во преработувачки капацитети.Дополнително со ребалансот се планирани 160 милиони денари за исплата на дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка кај откупувачи.
Се донесе нов модел за повисоки субвенции за тутунарите во три нивоа. Субвенцијата за прва класа е 80 денари, за втора 70 денари за трета и останатите класи 60 денари за килограм. Сите субвенции за тутунот од реколта 2018 се исплатени, или вкупно 28 милиони евра. Последните две години се постигна највисока откупна цена на тутунот, односно за реколта 2017 цената беше 217,6 денари, а за реколта 2018 откупната цена беше 214,2 денари за килограм.
Со ребалансот на буџетот, се обезбедени нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови производи. Со оваа сума финансиската поддршка за земјоделството годинава достигнува околу 7 милијарди денари, пари кои директно се враќаат кај земјоделците за да ги инвестираат во новото производство.
Владата предводена од СДСМ, покрај тековните аграрни мерки решаваше и наследените долгови кон лозарите што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници го имаа кон нив за предаденото грозје во 2014 и 2016 година во вредност од над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Претходно, се исплатија 9 милиони евра за основната субвенција за одржување на лозови насади и над 1 милион евра легнаа на сметките на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денари за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби.
Досега од јуни 2017 година за мерките од Програмата за земјоделство и рурален развој се исплатени над 19,3 милијарди денари или 314,5 милиони евра, по основ на тековни исплати и заостанати долгови.
СДСМ и Владата која ја предводи е вистински пример како се цени и вреднува трудот на земјоделецот. Земјоделството е на правиот пат!