Шампионот МотоГП за сезоната 2019, Марк Маркез ја забележа својата петта последователна победа и 11-та вкупна за 2019 година во трка на австралиската патека „Филип ајленд”. Негов главен ривал за победата беше Маверик Вињалес од Јамаха, кој падна во деветтиот свиок на последниот круг, откако се движеше на второто место и се обиде да си го врати првото место,изгубено од Маркез.
Со својот 55-ти успех, Маркез веќе е трет во пласманот по победи во „кралската класа”, пред Мик Дуан. Сепак, од сезоната 2014 година, Маркез немал цели пет победи по ред.
На подиумот со Маркез се искачија двајца сателитски пилоти – со Хонда и Дукати – Кал Крачлоу и Џек Милер.