Додека СДСМ и сите прогресивни партии работат на интеграција во ЕУ и НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат припојување со други држави.
Додека државата се гради како едно општество на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште ги плашат граѓаните со наводни федерализации, кантонизации и распад на државата.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против граѓаните, поритв државата, против Македонската православна црква и против концептот едно општество за сите.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски.
Високи функционери на партијата, членови на Извршниот комитет, меѓу нив и Иванка Василевска се уште го бранат и оправдуваат насилството од 27 април во Собранието кога беше извршен обид за убиство на пратеници и беше загрозен уставниот поредок.
Тоа е обновата на режимот, обновата на поделбите, изолацијата која ја нудат Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.
Со таква понуда, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12 април.
Граѓаните, државата се определени за напредок, развој и интеграција. Нема да дозволат Мицкоски, Василевска и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темните улички на минатото, државата продолжува на прав пат.