Петмина платени убијци се уапсени во Кина, кои биле ангажирани за исто убиство, кое вусност не го ни извршиле.
Тан Јоухуи, продавач на недвижнини, ангажирал платен убиец за да го убие деловениот ривал и му платил два милиони јуани (220.000 фунти). Сепак, убиецот оваа работа му ја дал на друг убиец, кој пак обврската за убиството ја предал на некој трет. Третиот платен убиец пак одлучи да го ангажира четвртиот, тој пак му се обратил на петтиот платен убиец со барање да го изврши убиството.
Но, наместо да ја заврши задачата, последниот убиец во серијата ја запознал жртвата, позната само по презимето Веи и му понудил да му помогне да ја лажира неговата смрт. Петмината се осудени за обид за убиство на до пет години затвор.
Сè започнало во 2013 година кога Веи поднел граѓанска тужба против компанијата на Јоухуи. Загрижен дека може да го изгуби целото богатство, Тан Јоухуи ангажирал убиец по име Кси Гуанган да го убие Веи и за тоа му дал 220.000 фунти.
Тогаш Кси договорил друг убиец, Мо Тианксианг, нудејќи му 110.000 фунти. Тој го пренел бизнисот на Јанг Кангшенг за 85.000 фунти.
Кангшенг, пак, му понудил на Јанг Гуангшенг за 22.000 фунти да го изврши убиствоот, а тој пак го нашол Линг Ксијанси на кој му понудил 11.000 фунти за истата работа. Веи постигнал договор со Ксијанси и позирал со врзани раце за тој да може да бара надомест за наводно извршеното убиство.