Експресно уапсен Босанец кој се дрогираше пред камера

Снимка од Санел Хаџиќ, жител на градот Бихаќ во Босна и Херцеговина, кој се дрогираше пред камера и на крајот го објави видеото на интернет ја шокирше јавноста во БиХ, пренесуваат регионалните медиуми.

Според најновите информации, тој бил експресно уапсен од страна на полицијата.

Како што може да се види на објавеното видео, Санел ја споредува дрогата со злато и ги советува децата да не се занимаваат со спорт, туку да се насочат кон нелегални дејности.

Регионалните медиуми пренесоа дека Хаџиќ живее во Шведска, но често доаѓал во Унско-санскиот кантон, каде поседува недвижнини и автомобили.

Во вчерашната полициска акција биле запленети околу 1,5 килограми кокаин, а привремено било одземено и неговото „порше“ јавуваат босанските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави