Жител од с.Сопиште прегазен од возилото што го товарел

Вчера во 08.37 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека околу 07.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.К.(52) од  с.Сопиште, скопско. Според пријавеното, Т.К. се здобил со повредите додека товарал товарно моторно возило во близина на неговата куќа. Според пријавата, во еден момент возилото само се придвижило, а Т.К. во обид да го сопре, паднал и со задното тркало бил прегазен.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави