Светската фудбалска sвезда, Лионел Меси призна дека не смета дека е типичен стрелец и головите не се најважната работа за него.
– Сè уште не мислам дека сум типичен стрелец. Јас сакам да бидам во контакт со топката и да излегувам зад одбраната. Исто така, сакам да постигнувам голови, но не живеам за тоа. Ако не сум во допир со топката, јас сум надвор од игра, рече тој.
Тој, исто така, рече дека не сака да биде заменет за време на натпревар, туку претпочита да влезе како резерва.
– Не сакам да бидам заменет за време на натпревар, претпочитам да влезам од клупата и да играм помалку затоа што многу од дуелите се решаваат на крајот. Повеќе сакам да влезам и да играм отколку да излезам и да го пропуштам најдобриот период од играта, откри Меси.