Превалец – с.Истибања излетало возило од патот, четворица повредени

Денес во 02.30 часот  на магистралниот пат Превалец – с.Истибања, виничко, на место викано „Гара“, атар на с.Истибања, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(22) од Македонска Каменица, изгубило контрола и излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките А.А.(19) од с.Моштица, општина Македонска Каменица, В.С.(19) од Македонска Каменица и С.А.(19) од Македонска Каменица, додека Ј.П.(18) од Македонска Каменица се здобила со телесни повреди. Тие биле пренесени во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од  Полициската станица Виница.

Треба да знаете
Последни објави