Полициските службеници го пронашле возилото БМВ Х5 со тетовски регистраски таблички синоќа еден час откако било пријавено дека истото е одземено. Возилото „БМВ Х5“ е најдено крај рекреативното езеро “Треска“.
Вечерата М.И. (27 г.) од Тетово пријавила во полициската станица во градот дека околу 19 часот на улицата „Маршал Тито“ непознат сторител и го одзел возилото кое таа го оставила со клуч во бравата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.