Соопштение за јавност – реакција на прес конференција на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ
Обнова на режимот, одбрана на криминалот и обнова на поделбите и изолацијата се единствената понуда на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ која што им ја нудат на граѓаните. Се додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се за поделби и квази сојузи со други држави, можат да се надеваат само на пораз на предвремените парламентарни избори на 12 април. И се додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против растотот на минималната плата, не можат да очекуваат поддршка од граѓаните. Граѓаните сакаат просперитетна држава која оди напред, дел од ЕУ и НАТО. Граѓаните се определени за реални политики што носат економски раст, повисоки плати и сигурна иднина/
Затоа, на 12 април, граѓаните нема да дозволат обвнова на криминалот и режимот, туку ќе потврдат дека државата е на вистинскиот, правиот пат. СДСМ била и ќе остане на страната на интересите на државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на обнова на режимот и заштита на криминалот.