Кисела Вода од утре па се до средината на ноември ќе собира кабаст отпад на својата територија

Општина Кисела Вода од утре па се до средината на ноември ќе собира кабаст отпад на својата територија. Акцијата во сите месни и урбани заедници ќе се спроведе по следната динамика:

29.10. 2019 (вторник)

УЗ Кисела Вода

УЗ Расадник

МЗ Припор

31.10 2019 ( четврток)

УЗ Цветан Димов

УЗ Бирарија

05.11.2019 ( вторник)

УЗ Црниче

УЗ Пржино

07.11. 2019 ( четврток)

УЗ 11 Октомври – згради и бараки

12.11.2019 ( вторник)

МЗ Пинтија

МЗ Усје

МЗ Стаклара – Каменик

14.11.2019 ( четврток)

УЗ Бобан Трпков населба Драчево

МЗ село Драчево

МЗ Подстаница

Локалната самоуправа апелира до граѓаните отпадот да го одложуваат во временскиот период од 07:00 до 11:00 часот на тротоарите на пошироките улици, но пред се потребно е да внимаваат со истиот да не го попречуваат движењето на пешаците и возилата. Со кабастиот отпад забрането е да се одложува градежен шут.

Треба да знаете
Последни објави