Костадин Костадинов од СДСМ на новинарско праање Дали постои некоj договор помеѓу партиите за одложување на изборите за 12 април, во случај да не завршат ратификациите на договорите за влез во НАТО и дали СДСМ има став во однос на едно вакво сценарио- одговори:
Оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев направи се во однос на интегративниот процес на државата. Подготвени сме кога ЕУ ќе одлучи да ги отпочнеме преговорите, до тогаш јасно е дефинирано на лидерската средба, побаравме брзи предвремени избори, на 22 декември, но ВМРО-ДПМНЕ побегна од избори. Ние сме спремни и за почеток на преговорите со ЕУ, секако и за брзи избори кога и да се одржат. Единствени кои што бегаат од брзи предвремени избори се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.