Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом прогласи вонредна состојба на целата територија на оваа сојузна американска држава поради пожарите и екстремните временски услови поради кои мора да се евакуираат околу 200.000 луѓе.
Повеќе од два милиони луѓе во Калифорнија останаа без струја, откако најголемата компанија за дистрибуција на електрична енергија превентивно го исклучи снабдувањето за да спречат нови пожари.
Њусом рече дека властите го вложуваат сите расположиви ресурси во борбата против пожарите, поттикнати од екстремно силениот ветер.Голем пожар го зафати подрачјето на долината Напа во северна Калифорнија, позната по бројните лозја, додека друг пожар го загрозува градот Ваљехо во областа на Сан Франциско.
Во јужна Калифорнија, во областа Санта Кларита во близина на Лос Анџелес, пожар уништи 18 објекти и ги загрози домовите и важната инфраструктура. Најголемата евакуација беше спроведена во округот Сонома каде на 180.000 им беше наредено да ги напуштат своите домови.
Стравувајќи дека ветровите може да го рашират огнот и на главниот пат, властите наредија и евакуација во делови на Санта Роса, со 175.000 жители, кој беше уништен од пожари пред две годин. Без струја од саботата навечер се 2,3 милиони луѓе во 36 окрузи во Калифорнија.