Во Полска е уапсено едно лице за кое постои сомнеж дека се занимавало со шпионажа во корист на Москва, изјави портпаролот на полската полициска специјална служба Станислав Зарин.
– Извршен е претрес, по што лицето е обвинето и за илегално поседување оружје и користење лажни документи, истакна Зарин.
Истражните органи, според него, успеале да соберат докази дека Пјотр С. соработувал со руските разузнавачки служби. На него му е одреден тримесечен притвор.