Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека побарало од британските власти повеќе информации за идентитетот на 39-те лица кои беа пронајдени мртви во камион ладилник на југоистокот на Англија минатата недела.Националноста на жртвите не е потврдена од Велика Британија.
Британската полиција првично мислеше дека станува збор за кинески државјани, но подоцна ваквото тврдеше беше доведено во прашање.
Повеќе од 20 виетнамски семејства објавија дека изгубиле контаксо своите најблиски и стравуваат дека тие се меѓу жртвите. Виетнамските власти соопштија дека примиле документи од Лондон во врска со четири лица, чии тела биле пронајдени во камионот, за да можат да утврдат дали се виетнамци.