Мајка осомничена дека ги убила двете ќерки

Австралиската полиција уапсила 38-годишна жена по потекло од Босна и Херцеговина во близината на Перт, која е осомничена дека ги убила своите две ќерки. Безживотните тела на двете девојчина на возраст од шест и девет години ги пронашол нивниот татко кога се вратил од работа во домот кој се наоѓал во предградието на Перт.

Приведетната жена имала рани од самоповредување и е однесена во болница, но не е во животна опсност пренесуваат австралиските медиуми. Соседите потврдуваат дека семејството во кое се случи трагедијата потекнува од БиХ, а во Австралија живеело 20-години.

Полицијата соопштува дека семејството нема никакво досие, ниту пак им се познати по кршење на законите.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави