На денешната 29. (вонредна) седница на Советот на Општина Карпош, членовите на Советот ја одобрија Одлуката за давање на Согласност на Правилникот за поблиските услови, начинот на продажба на сопствени производи и услуги на ЈУОДГ „ Мајски Цвет“. Со тоа се овозможува од оваа карпошова детска градинка да се врши подготовка и достава на храна за децата во детската градинка „Мини Фини Буџетчиња“, којашто е отворена во Министерството за финансии за згрижување на децата на нивните вработени. Оваа услуга се договори по претходно иницирана соработка помеѓу Министерството за финансии на Република Северна Македонија и градинката „Мајски Цвет“. Договорот треба да се потпише најдоцна до 28.10.2019. година.
На седницата беше даде согласност на измената на Годишниот план за вработувања за 2019 и 2020 година на општинското основно училиште „ Петар Поп Арсов“, а се одобри изменувањето на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2019 година, а беше усбоен и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2019 година до 30.09.2019 година. Исто така на седницата советниците дадоа „виза“ за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2019 година, а донесоа иодлука за доделување на 200.000 денари финансиска поддршка за кошаркарскиот клуб „ СПАРТА “.