– Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер утре ќе престојува во работа посета на Северна Македонија.
Палмер, како што соопшти Министерството за надворешни работи, ќе биде примен од шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Се очекува Димитров и високиот претставник на Стејт департментот да дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на нашата држава, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.