Потпретседателот на ДУИ и ексградоначалник на Гостивар, Невзат Бејта пријавил во гостиварската полиција дека добил закани по живот.
Од МВР за Плусинфо ја потврдија информацијата. Бејта пак, не сакаше да зборува за настанот и не упати информација да бараме од полицијата.
– Пријавена е закана врз ексградоначалникот на Гостивар Невзат Бејта од друго лице од Гостивар. Се работи на случајот – ни изјавија од полиција.
Од таму, како што велат, во интерес на истрагата не откриваат детали кој е заканувачот и зошто му се заканувал на Бејта.
Бејта е потпретседател на ДУИ и во два мандата поранешен градоначалник на Гостивар.
ДУИ викендов избираше претседател на гостиварскиот огранок. По неколку мандати Бејта повеќе не е прв човек на гостиварскиот огранок, бидејќи за претседател е избран Башким Хасани.
целиот линк прочитајте го тука