Прилепчанец излетал од патот и загинал, двајца сопатници повредени

На 28.10.2019 во 00.35 часот на регионалниот пат Прилеп-с.Ропотово, автомобил „пежо 307“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од  Б.К.(27) од Прилеп, излетало од коловозот и се превртело.

Во незгодата возачот починал на местото на несреќата, а со телесни повреди се здобиле сопатниците Ф.Б.(27) и О.Д.(18) и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави