Тунџев: Цените на катастарските услуги се намалени и до 90 насто – СДСМ ги враќа парите кај граѓаните

Една од мерките што Владата на Република Северна Македонија ги вети и ја исполни, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот, истакна Борис Тунџев, член на комисија за транспорт и врски на СДСМ, на трибината „На прав пат” во Берово.
Ова е една од клучните мерки за враќање на парите кај граѓаните истакна Тунџев, додавајќи  дека  е укината двојната наплата при повторното доставување пријава, ако претходната пријава за иста недвижност билa одбиена.
Цените на катастарските услуги се намалени и до 90 насто, рече Тунџев
Жителите на населените места Владимировци, Двроште, Ратино и Русиново чии имоти биле запишани во пописни листи од 52-54 година, можат без надоместок да извадат имотен лист, што е овозможено со последните законски измени, рече Тунџев.
Тоа е вистинскиот пат по кој заедно ќе продолжиме понатаму, порача членот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, на трибината „На прав пат” во Берово.

 

Треба да знаете
Последни објави