Уапсени тројца гостиварци кои ограбиле српски камионџија

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го расчисти разбојништвото кое на 25.10.2019 околу 20 часот било извршено над 48-годишниот Г.С. од Република Србија и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави за  М.Х.(33) и Љ.Х.(27), двајцата од гостиварското село Дебреше и Ш.Ј.(42) од гостиварски Равен.

Тројцата пријавени се сомничат дека во близина на наплатната станица Гостивар, најпрво побарале да влезат во товарно моторно возило „сканија“, со српски регистарски ознаки, што го управувало Г.С, а потоа и физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле паричник со 9000 динари, 50 евра, возачка дозвола и банкарска картичка.

Нешто подоцна, пријавените се лишени од слобода и изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој им определил мерка притвор од 30 дена, по што биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави