Министерот за здравство Венко Филипче попладнево посети неколку аптеки во Општина Струга, за да се информира како тече мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт.
– Струга беше една од првите општини во која ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките. Граѓаните во овој регион, од месец август имаат достапни лекови во секое време. Тие повеќе не стравуваат дека може да останат без потребната терапија. Го решивме деценискиот проблем, граѓаните имаат лекови во почетокот, на средината и кон крајот на месецот, изјави министерот Филипче.