Шекеринска: Не градиме споменици, затоа градиме 43 градинки, а социјалната помош ја зголемивме за три пати

Посветени сме парите кај Владата да ги намалиме и да ги префрлиме кај граѓаните. Заштедивме и отворивме простор за интезивно да се гради низ цела држава, порача вечерва заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на граѓанска трибина во Берово.

– Три пати ја зголемивме социјалната помош кај семејствата со деца, за 300 остсо ја зголемивме социјалната помош кај граѓаните на кои им е најпотребна. Над 300 илјади граѓани државата им помогна да живеат достоинствен живот. Решивме да ги промениме приоритетите на Владата, да заштедиме и да има пари за потребите на граѓаните. Сепак едно не правиме. Не градиме нови споменици, ама затоа се изградија 43 објекти за детски градинки, се изградија и реконструираа патишта и ние ќе продолжиме на тој начин, порача Шекеринска.

Треба да знаете
Последни објави