ЈП „Комунална хигиена”–Скопје спроведува едукација на учениците од скопските основни и средни училишта како правилно да ги употребуваат новите садови за отпад. Откако Претпријатието започна со поставување на новонабавените контејнери со зафатнина од 3,2м3, се забележа потреба за дополнително информирање и упатување на граѓаните на кој начин правилно се употребуваат овие садови, со цел да за спречи нивното оштетување и да се овозможи непречено собирање и транспорт на комуналниот отпад. Во таа насока, ЈП „Комунална хигиена”–Скопје реализираше ваков тип на едукација во ООУ „Димитар Миладинов”, каде што учениците научија на кој начин се отвораат новите контејнери, за каков вид на отпад се наменети, како и за важноста на примарната селекција на комуналниот отпад. Претпријатието и во претстојниот период ќе продолжи со едукација на најмладите сограѓани за правилна употреба на новите садови за отпад.