Во текст објавен на веб-страницата на бугарскиот весник „24 Часа“, Росен Петров, пишуваше навреди за Македонците во својата колумна „Макрон и Македонците – бугарска работа“.
Во колумната за одлуката на макрон со што Македонија доби блокада, Росен Петров пишува дека „Македонците ја крадат бугарската историја”, како и дека македонските историчари покажуваат „невообичаено, дрско и примитивно однесување“.
– „Македонците се чисти Бугари, а ние сакаме со векови правиме лошо едни на други”, пишува тој.
Додава дека и македонската и Макронската работа се типично бугарска работа.
Инаку, Петров е поранешен пратеник, сценарист, а сегашен водител на емисија за историјата на бугарската онлајн-телевизија „Bulgaria On Air“.