Во Полска уапсен наводен руски шпион

Агенцијата за внатрешна безбедност на Полска уапсила маж за кој постои сомневање дека бил руски шпион, соопшти портпаролот на министерот кој ја координира работата на разузнавачката служба во полската влада, Станислав Жарин, пренесува „Спутник“ цитирајќи го Полското Радио.

По претресот, човекот, чија возраст, националност и идентитет не се објавени, бил обвинет и за нелегално поседување оружје и муниција, како и за употреба на лажни документи, додава Жарин.

На уапсениот подоцна му бил одреден притвор од три месеци.

Треба да знаете
Последни објави