Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре 29.10.2019г. (вторник), поради завршно асфалтирање на ул. Бихаќка, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата Бихаќќа, и тоа на потегот од ул. Востаничка до влезната капија на МВР. Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ја почитуваат поставената сигнализација, како и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.