Општина Кисела Вода од утре па се до средината на ноември ќе собира кабаст отпад на својата територија. Акцијата во сите месни и урбани заедници ќе се спроведе по следната динамика:
29.10. 2019 (вторник)
УЗ Кисела Вода
УЗ Расадник
МЗ Припор
31.10 2019 ( четврток)
УЗ Цветан Димов
УЗ Бирарија
05.11.2019 ( вторник)
УЗ Црниче
УЗ Пржино
07.11. 2019 ( четврток)
УЗ 11 Октомври – згради и бараки
12.11.2019 ( вторник)
МЗ Пинтија
МЗ Усје
МЗ Стаклара – Каменик
14.11.2019 ( четврток)
УЗ Бобан Трпков населба Драчево
МЗ село Драчево
МЗ Подстаница
Локалната самоуправа апелира до граѓаните отпадот да го одложуваат во временскиот период од 07:00 до 11:00 часот на тротоарите на пошироките улици, но пред се потребно е да внимаваат со истиот да не го попречуваат движењето на пешаците и возилата. Со кабастиот отпад забрането е да се одложува градежен шут.