Притвор за битолчаните кои од салон украле мобилни вредни 15.000 евра

Битоското обвинителство поведе постапка против тројца битолчани осомниќени дека од салон за бела техник во Битола украле 11 мобилни телефони „Самсунг“ и „Хуавеи“, како и два фотоапарати „Никон“ вредни 15.000 денари, кои планирале да ги продадат во Скопје, каде беа уапсени.

-Осомничените, на 14 октомври, како соизвршители отишле во продажен салон за бела техника во Битола, претходно договорени со намера противправно да присвојат туѓи подвижни предмети. Откако влегле во таванскиот простор, тие направиле отвор низ кој едниот од нив се спуштил во продажниот салон и одзел повеќе мобилни телефони и дигитални фотоапарати од разни марки во вкупна вредност од 901.311 денари. Украдената стока ја додавал на другиот осомничен и заминале од местото. По кратко време, украдените предмети, двајцата осомничени со возило на трето осомничено лице ги однеле во Скопје за да ги продаваат, велат од ОЈО.

Обвинителството поведе постапка против тројцата, од кои две лица се гонат за сторено кривично дело-Тешка кражба од чл. 236 став 1 точка 1 во врска со член 22, а за третото осомничено лице, според досега собраните докази,  се води  постапка за сторено кривично дело- Прикривање од член 261 став 1 од Кривичниот законик.

Против двајцата соизвршители поднесен е предлог за определување на мерката притвор, бидејќи јавниот обвинител ценеше дека се исполнети законските основи. Судот го прифати предлогот и на двајцата осомничени е определен притвор во траење од осум дена.

Треба да знаете
Последни објави