Седум лица загинаа во страотна сообраќајна несреќа во Унгарија, во која се судриле камион и две возила, кои потоа се запалиле.
Heten vesztették életüket egy hajnali balesetben az #M5-ön. Egy kamion átszakította a szalagkorlátot és a szembejövő sávban összeütközött két személyautóval. Az autók kigyulladtak, az utasok a helyszínen meghaltak. Az autópálya balástyai szakaszát mindkét irányban lezártuk. pic.twitter.com/YzsTB4cyGO
— Magyar Rendőrség (@police_HU) October 28, 2019
Камион со српски регистарски таблички и две други возила се судриле изутринава на автопат во Унгарија кај местото Кистелек крај Будимпешта.Сите возила изгореле, при што загинаа седум лица.
Според првичните информации, камионот ја пробил заштитната ограда и се движел во спротивна насока. Возачот на камионот не е повреден во несреќата. Сообраќајната несреќа се случила околу три часот наутро, а истрагата е во тек. Автопатот е целосно затворен за сообраќај, пренесува Блик.ху.