Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар истакна дека не чувствува притисок да се носи со статусот наследник на Кристијано Роналдо. Белгиецот, откако се приклучи на тимот во текот на летото, го зеде бројот „7″ кој претходно му припаѓаше на Португалецот.
– Секако, не е лесно да се носи „7″ на дресот по Роналдо и Раул. Но, кога излегувам на теренот, не размислувам за бројот на мојот грб, затоа што само играм за тимот. Многу ми е драго што можам да играм на „Сантијаго Бернабеу” и да го претставувам најдобриот клуб во светот, изјави Азар.
Кристијано Роналдо беше дел од Реал од 2009-2018 година, додека Раул беше во „кралскиот клуб” од 1994-2010 година.