Арсовски: Денес Ангеловска и Заев во пресрет на изборите ќе не задолжат за нови 41 милион евра

Нина Ангеловска, министерката со ниту еден проект откако е министер, што е срамота, за само 3 месеци ја задолжи Република Македонија за нови 200 милиони евра.  200 милиони евра одат во дупка, ниту еден единствен проект не е реализиран. Вкупниот долг енормно расте, граѓаните се се повеќе задолжени. Недомаќинското работење на Владата и министрите во Владата на СДСМ ја носат државата во амбис. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а дури два пати повеќе сакаат да си заминат од државата доколку имаат можност уште веднаш. На листите каде што се рангираат економиите во светот од државите, Македонија упорно тоне и оди надолу. На „Дуинг Бизнис“ паднавме за 7 места, од 10-то на 17-то место, и тоа единствено поради лошите политики на Владата и економскиот тим. Германските бизнисмени ни дадоа огромна 0 за бизнис клима и инвестирање во Република Македонија. Затоа сите странски ја заобиколуваат државата. Од лидер во регионот по странски инвестиции, станавме земја со најмалку странски инвестиции во регионот.

Од лидер во регионот по ново отворени работни места по глава на жител, станавме земја која заостанува зад сите останати земји во регионот. Граѓаните заради моменталната економска ситуација се принудени се повеќе да одат на работа во странство.  Крадци и криминалци не смеат да ја чуваат државна каса. Така е и со Владата и економскиот тим на Зоран Заев. Луѓе кои што мислат само како да наместат некој тендер и да украдат, не смеат да имаат пристап до парите на граѓаните, а најмалку да ги чуваат. Затоа и само се задолжуваме и се повеќе тонеме.

Веднаш после 12-ти април, отпочнуваме сите заедно ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата за „Обнова на Македонија, и граѓаните со обнова на Република Македонија. Тоа е најпотребно во моментот. Мора да се стави крај на целото ова неработење и хаос и мора да одговараат сите кои што манипулираат и крадат.

 

Треба да знаете
Последни објави