Бејрут: Запалени шатори на демонстрантите, можна оставка на Харири

Шаторите на демонстрантите поставени во централниот дел на Бејрут денеска се запалени, откако нивниот камп беше нападнат од вооружени мажи со стапови.

Напаѓачите извикувале слогани поврзани со шиитското движење Хезболах и групата Амал.

Кон местото на инцидентот веднаш биле испратени безбедносни сили.

Во меѓувреме, на официјалниот Твитер налог на кабинетот на либискиот премиер е објавено дека Саад ал Харири ќе и се обрати на нацијата од својата резиденција во Бејрут во 16 часот по локално време.

Претходно владин извор соопшти дека премиерот размислува да поднесе оставка.

Речиси две недели траат протестите во Либан поради најавените економски реформи, а демонстрантите бараат оставка од Владата заради големото незадоволство во јавноста по откриените случаи на корпуција, во кои се вмешани политичари од владејачките партии.

Треба да знаете
Последни објави