Британските безбедносни служби го засилија надзорот на осомничените екстремисти по смртта на Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на Исламска држава, за да ги осуетат потенцијалните напади за одмазда, пренесува „Брејтбарт“.
Осомничените за радикален исламизам се смета дека се под уште поголем ризик да се обидат да извршат напади по во желба да се одмаздат. Свесни за оваа потенцијално голема безбедносна закана, британските безбедносни служби овозможуваат поголем степен на надзор за да откријат какви било заговори пред тие да бидат реализирани, пренесува „Скај њуз“.
Во извештајот се тврди дека е рутинска мерка да се засили надзорот по големите безбедносни настани како и по терористички напади.
Безбедносните служби се соочија со критики по неколкуте терористички напади што ги погодија британските градови последниве години.
Додека парламентарните членови на Комитетот за разузнавање и безбедност го споменаа фактот дека бомбардерот во Манчестер претходно бил испитуван од МИ5, но не бил сметан за осомничен од висок приоритет пред тој да убие 22 лица, разузнавачките служби обелоденија минатата недела дека за две години уништиле 24 активни терористички заговори. Две третини од осуетените заговори биле со радикални исламски мотиви.