Тројца се повредени во судир на џип и автомобил, денеска на булеварот Партизанска во Карпош 4, на семафорите од крстосницата со улицата Никола Парапунов, пред мостот „Обединети Нации“, дознава 24 Инфо.
Според очевидци, три лица биле однесени со возила на брза помош. Сообраќајката се случила кога џип „рејнџ ровер“ наводно поминал на црвено и удрил во „голф“ кој одлетал десетина метри и удрил во жардинера.
Од МВР засега нема информации за несреќата.