Воени вежби на генералштабот на Армијата

Генералштабот на Армијата и потчинетите команди и единици од денеска до петок ќе ги изведуваат планираните вежбовни активности во гарнизоните и на одредени реони од северната и јужната граница, каде Армијата во изминатите неколку години извршува задачи за подршка на МВР во справување со мигрантската криза.

„Ваквите планирани вежбовни активности се изведуваат според годишниот План на генералштабот за обука, вежби и контрола, при што единиците и припадниците на Армијата се валоризираат во обученоста и предвидените постапки и мерки за извршување на задачите“, соопштија од Армијата на Северна Македонија.

За оваа активност, додаваат од таму, на која ќе има раздвижување на возила и персонал на Армијата до наведените реони и обратно, навремено се известени сите релевантни државни институции.

Треба да знаете
Последни објави