Еден од најдобрите фудбалери на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Садио Мане летоска ја одбил понудата од Реал да се пресели во Мадрид, откриваат шпанските медиуми. Сенегалскиот интернационалец не ја прифатил понудата со образложение дека му е убаво во Ливерпул, а е задоволен од настапите на „Енфилд“.
Мане важи за еден од најдобрите играчи на Ливерпул. Понудата за преселба во Мадрид ја добил лично од тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, но тоа воопшто не го возбудило. Реал е подготвен за услугите на сенегалскиот интернационалец да му плати отштета на Ливерпул од 150 до 180 милиони евра.
-Многу сум среќен што сум дел од клуб каков што е Ливерпул. Уживам во оваа средина. Би сакл да останам тука засекогаш. Сум бил во клубови ширум светот, но Ливерпул е посебен и единствен. Функционира како семејство – рече Мане по триумфот на Ливерпул над Тотенхем (2:1) изминатиов викенд.
Поради ваквиот став на Мане, шпанскиот гигант Реал најверојатно ќе се сврти кон неговиот соиграч од нападот Мохамед Салах, чија цена за на транфер пазарот би изнесувала како и за сенегалскиот интеранционалец.